Весна Бига е писателка и поетеса, родена во Загреб. Дипломирала психологија и гонетика на Филозофскиот Факултет на Универзитетот во Загреб. Долги години има статус на слободен уметник. Член е на Друштвото на писатели на Хрватска и хрватскиот ПЕН. Објавила тринаесет книги проза и поезија. Нејзините дела се преведени на англиски, италијански, руски, украински, словенечки, македонски, турски, есперанто и објавени во бројни списанија и застапени во различни сеопфатни прегледи и антологии.