Винка Перишиќ Шаренац е родена во Горажде на 10.12.1957 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Сараево на групата Историја на југословенската книжевност и српскохрватски јазик во 1980 година. Работела како професор по книжевност во гимназијата во Горажде. Живее и работи како професор по книжевност во Херцег-Нови. Добитник е на: Прва награда на Лимските вечери на поезија Прибој во Лим, 1981; Прва награда „Вуково перо“, Лозница, 1991; Прва награда за љубовна поезија „Златни пјеснички прстен“, Суботица – Палиќ, 2004; Прва награда за љубовна поезија на здружението на инвалиди на Југославија, Нови Сад, 2005; „Сребрен Албатрос“, Здружение на писателите на дијаспората од Франкфурт на Мајна, Бијела 2006.