Владимир Левчев, роден на 17 октомври 1957 година, во Софија, е бугарски поет и писател. Автор а на 15 книги поезија објавени во Бугарија, пет во Соединетите Американски Држави, една во Македонија, една во Италија, и три романи. Во 1994 година добил „Фулбрајтова стипендија“ и магистрирал креативно пишување на Американскиот универзитет во Вашингтон. За време на неговиот престој во САД, Левчев предавал книжевност и пишување на неколку универзитети. Исто така, преведува поезија и работи како новинар. Левчев е вонреден професор по книжевност и пишување на Американскиот универзитет во Бугарија.