Вјачеслав Глебович Купријанов е роден 1939 во Новосибирск. Го завршил Московскиот државен универзитет за странски јазици и математичка лингвистика. Професионално се занимава со литература, поезија, проза, препев, есеистика…
Автор е на повеќе книги, меѓу кои: Од прво лице (1981), Животот што доаѓа (1982), Трезвено ехо (1985), Домашни задачи (1986), Ехо (1988), Како да станеш жирафа (1987, следат повеќе изданија), Споменик на непознатиот кукавица (1990), Да се договориме (2002), Телескоп на времето (2003), Најдобри времиња, избор (2003), Ода на времето,избор (2010) и други.
На македонски јазик објавена му е книгата Вежби по пеење и мислење, во рамките на едицијата Плејади на СВП,1999 г.