Јусеф Комунјака е роден на 29 Април, 1947, во Богалуса, Луизијана каде растел во време на движењето за Граѓански права. Служел во Американската Војска од 1969 до 1970 година како кореспондент и како главен уредник на Јужниот Крст (Southern Cross ) додека трае војната во Виетнам за што подоцна е награден со Бронзена Ѕвезда.
Почнува да пишува поезија во 1973 година и се здобива со неговата диплома од Универзитетот во Колорадо Спрингс во 1975. Неговата прва стихозбирка Посвети и други Темни коњи (Dedications & Other Darkhorses) е објавена во 1977 проследена од Изгубен во фабриката за коскени тркала(Lost in the Bonewheel Factory ) објавена во 1979. Во овој период се здобива со неговата магистерска диплома по креативно пишување од Универзитетот во Државата Колорадо и Универзитетот во Ирвин , Калифорнија.
Комунјака го добива неговото прво попознато признание по објавувањето на Копакетик(Copacetic) во 1984 кое претставува стихозбирка напишана на разговорни дијалекти што го претставува неговото вметнување на џез влијанијата во неговите дела. Понатаму, објавува уште две книги Се извинувам за очите во мојата глава (I Apologize for the Eyes in My Head (1986) добитник е на признанието доделено од Поетскиот центар во Сан Франциско и Диен Каи Дау (Dien Cai Dau (1988), која подоцна е добитник на наградата за поезија од Дарк Рум и е цитирана од поети како Вилијам Метјуз и Роберт Хас како едно од најдобро напишани дела за време на војната во Виетнам.

[su_accordion]
[su_spoiler title=”Јусеф Комуњака” style=”fancy”] 
Од тогаш па навака, објавува неколку стихозбирки, вклучувајќи ги : Кауч Камелеон(The Chameleon Couch (Farrar, Straus and Giroux, 2011); Воени коњи (Warhorses (2008) ; Табу: Трилогијата на јадецот – дел прв (Taboo: The Wishbone Trilogy, Part 1) ; Купола на задоволството: Нови и собрани песни (Pleasure Dome: New & Collected Poems1975-1999(2001)) ; Зборувајќи им валкано на Боговите(Talking Dirty to the Gods (2000)); Крадци на рајот (Thieves of Paradise (1998)) што беше избрана како финалист за Националната награда на кругот книжевни критичари ; Неон мајчин јазик: Нови и одбрани песни(Neon Vernacular: New & Selected Poems 1977-1989 (1994)) добитник на Пулицеровата награда и Кингзли Туфтс наградата за поезија и Магичниот град (Magic City(1992)).
Прозните дела се собрани во Плави Пораки: Есеи, интервјуа и коментари(Blues Notes: Essays, Interviews & Commentaries (University of Michigan Press, 2000)). Ко-уредник е на Антологијата на Џез поезија (The Jazz Poetry Anthology (with J. A. Sascha Feinstein, 1991)), ко-преведувач е на Несоницата на Огнот (The Insomnia of Fire by Nguyen Quang Thieu (with Martha Collins, 1995)) и настапува како гостин уредник на Најдобрата Американска Поезија 2003 (The Best of American Poetry 2003).
Автор е и на драми, меѓу кои е и Гилгамеш: драма во стих (Gilgamesh: A Verse Play (Wesleyan University Press, 2006)), и Јазол – Либрето(Slip Knot, a libretto) во соработка со композиторот Т.Џ. Андерсон и под покровителство на Универзитетот Нортвестерн.
Како коментар и критика за неговите дела, поетот Тои Дерикоте пишува за Кањон критиката, “Ги обработува најкомплексните морални проблематики, најстрашните и најгрди теми од нашиот Американски живот. Неговиот глас, без разлика дали ги отелотвори специфичните искуства на афроамерикански маж , војник во Виетнам или само детенце во Богалуза, Луизијана е универзален. Ни прикажува на уште подлабок начин, што значи да си човек.”
Комунјака е добитник на Валас Стивенс наградата во 2011 година. Неговите други почести и достигнувања ги вбројуваат: Рут Лили наградата за поезија, Вилијам Фолкнер наградата од Универзитетот во Рен, Томас Форкаде наградата, Ханес наградата за поезија, стипендии од Центрите за дела од полето на уметностите во Провинстаун, Советот за уметности од Луизијана и Националниот фонд за Уметност.
Избран е за канцелар на Академијата на Американски поети во 1999 година. Предава во Универзитетот во Њу Орлеанс, Универзитетот во Индијана, како професор во советот за човекови науки и програми за креативно пишување во Принстон Универзитетот. Живее во Њујорк каде моментално е одликуван поет во Универзитетот во Њујорк и предава во програмата за креативно пишување на апсолвенти.
 [/su_spoiler]
[/su_accordion]