Звонко Карановиќ (1959, Ниш, Србија) има објавено десет збирки поезија и три романи, како и седум збирки избрани песни во странство.
Добитник е на неколку српски награди за поезија, како и неколку меѓународни книжевни стипендии, меѓу кои и таа на Фондацијата „Хајнрих Бел“, Келн, Германија, 2011.
Застапен е во повеќе домашни и странски антологии на современата српска поезија. Негови песни се преведени на шеснаесет јазици.
Живее во Белград, каде во 2018 ги отвори издавачката куќа PPM Enklava и веб-порталот Enklava кои промовираат добра и поинаква поезија.

Песни: