Флутура Ачка (1966) е родена во Елбасан и дипломирала економија во 1988 на Универзитетот во Тирана. Неколку години работела како новинар во Елбасан и за издавачката фирма „Onufri“, пред да ја основа својата издавачка куќа „Skenderbeg Books“.
Како поет, Флутура Ачка стекнала признание со добивање на наградата „Струшка лира“ во 1997 на интернационалниот фестивал Вечери на поезијата одржан во Струга, Македонија. Меѓу нејзините најголеми изданија се книгите поезија: Tri vjeshta larg (Три есени далеку); Mure vetmie (Ѕидови на осаменост), Festë me ankthin (Празник на чемерот);Kënga e Aretuzës (Песната на Аретуза); Kurth‘ I diellit (Сончева стапица); и краткиот роман Vetmi gruaje (Женска осаменост). Книга од нејзината поезија е преведена на македонски јазик.