Роден во Скопје на 11. 5. 1929, а почина во родниот град на 22. 5. 2010 година. Поет, преведувач, есеист, литературен критичар и историчар, публицист, антологичар, културолог, редактор, фолклорист, театролог, сценарист, унив. професор, академик, амбасадор. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што дипломирал на групата за југословенски книжевности (1951). Пред и во текот на студиите работел како новинар. Сиот работен век го поминал како наставник на Филолошкиот факултет во Скопје, при Универзитетот Кирил и Методиј (1954-1992). Докторирал на темата Веда Словена и нејзините мистификатори (1965). На Филолошкиот факултет ги предавал предметите нова хрватска литература и македонската литература во 20 век. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1951 г. Бил со по два мандата секретар и претседател на ДПМ. Член на Македонскиот ПЕН-центар. Бил еден од основачите и претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1971/72), и прв претседател на МААК (Движење за македонска акција) (1990-1991). Бил прв амбасадор на РМ во Руската Федерација (1994-1998). Член на МАНУ. Автор е на преку 220 наслови на книги од областите на поезијата, критиката, есеистиката, литературната историја, патописот, литературниот запис, публицистиката, историографијата, културологијата, препевот, антологичарството. Припаѓа на носечката поетска генерација автори што ја афирмираа современата македонска литература во светот. Преведен е со 24 одделни изданија на негови книги (главно поезија и есеистика) во повеќе земји низ светот (на албански, англиски, бугарски, влашки, грчки, есперанто, кинески, ромски, руски, српски, турски, хрватски, чешки и шведски јазик). Самиот тој, како препејувач и преведувач објавил преку 100 одделни изданија на автори што пишувале на албански, англиски, бугарски, грчки, руски, српски, хрватски, словенечки, турски, чешки, полски и украински јазик. Редактирал и издал избори и монографии за К. Миладинов, Рајко Жинзифов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Григор Прличев, Атанас Раздолов, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров, Димитар Талев, Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев, Анѓелко Крстиќ и др. Објавил повеќе антологии од словенечката, хрватската, српската, бугарската, руската и албанската поезија на македонски јазик. Како вонсериска, водечка и раздвижувачка творечка фигура на македонската литература од втората половина на 20 век, чиишто дела суверено и супериорно се простираат во областа на литературната уметност и литературната наука, тој е појава со непроценлив и мисионерски придонес во современата културна историја на Македонија, со повеќестран опсег на креативни, научни и културолошки интереси; културен двигател на важни процеси на современата литературна, културна, научна и национална афирмација на Македонија. Дела: И. Збирки поезија: Во утрините, 1951; Тревожни звуци, 1953; Спокоен чекор, 1956; Божилак, 1960; Апотеоза на делникот, 1964; Горчливи голтки непремолк, 1970; Снеубавен ден, 1974; Скопјани, 1981; Неволици, неверици, несоници, 1987; Недостижна, 1995; Орач или воин, 2003 и Секало, кремен и трат, 2005. ИИ. Литературни записи: Претходниците на Мисирков, 1968; Трактати за сонцељубивите, 1974; Веда Словена, 1979; Антун Густав Матош, 1979; Маѓепсан мегдан, 1979; Подалеку од занесот – поблизу до болот, 1983; Со збор кон зборот, 1985; Поход кон Хеликон, 1987; Неодложни љубопитства, 1992; Зборот и непокорот, 1993; Возбудливиот здив на татковината, 1987; Сигнали до потомството, 1992; Слова за делниците, 1995; Заштита на судбината, 1995; Допири, 2000; Решки и шарки под ѕидовите на времето, 2001; Книга за Прличев, 2002; Книга за Џинот, 2003; Допирање на недопреното, 2003; Книга за Вапцаров, 2006; Книга за Рацин, 2007; Страници за македонофилството, 1994; Книга нашинска сиреч славјанска, 1994; Избрани дела на Гане Тодоровски во десет тома (И и ИИ. Поезија, ИИИ, ИВ и В. Преводи; ВИ и ВИИ. Македонската литература во 19 век; ВИИИ, ИЏ и Џ), Скопје, 2007.