Родолфо Хеслер е роден во 1958 година во Сантијаго де Куба. Студирал литература на Универзитетот во Лозана, Швајцарија. Поет и преведувач, песните на Хеслер се објавени во неколку книги. Неговата поезија е застапена во бројни антологии, меѓу кои и Антологија на кубанската поезија и на XX век и Нова латиноамеиканска поезија, и е преведен на англиски, германски, француски, италијански, португалски и турски. Ја превел комплетната поезија на Новалис на шпански, а исто така, го превел и Кафка. Хеслер живее во Барселона од 1968 година, каде е коуредник на списанието Поезија-Барселона.