miladinov-brothers-struga

Споменик на Браќата Миладиновци

Наградата „Браќа Миладиновци“ е востановена во 1963 година како признание за најдобра поетска книга меѓу два фестивала. Наградата претставува најголемата национална награда за поетско творештво во Република Македонија со која Струшки вечери на поезијата повеќе од половина век ги наградува поетските дострели на македонските творци во секоја измината година.

Наградата е именувана во чест на еминентните македонски просветители и културни дејци – браќата Димитар, Константин и Наум Миладинови. Постариот брат Димитар бил собирач на македонски народен фолклор и учител на првите поети на македонскиот романтизам. Помладиот брат Константин е основоположник на современата македонска поезија. Во негова чест во 1962 година се започнати „Струшките вечери на поезијата“

Националното признание, наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ на истекот на реката Црн Дрим пред повеќеилјадна публика. „Струшките вечери на поезијата“ секоја година издаваат репрезентативнa книгa поезија од добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ во препев на англиски јазик.

Прв добитник на наградата беше Матеја Матевски за книгата поезија „Рамноденица“

Извадоци од книгата „Поетска престолнина во светот“ од Гоце Ристовски

Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“