„…и сега стражарам за светлоста, за сигналниот оган“
(од драмата „Агамемнон“)

Господе, благослови ме вечерва со најбистар вид
и надгледаj ми ја стражата со смирно око
оти исплашен сонувам дека сум поместен овој пат.

Го видов светлиот мелник како пак се спушта во морето
и ѕвездите ни ja претскажуваат иднина во ветер што доаѓа –
пријатели кои паднале по патот, од амбиција, завист,

премногу сонување. Како да продолжам да престојувам?
Среде најдолгата ноќ се пробудив стресен
врз патерицата од моите лакти но доволно препознав

за да си го направам живеењето вистинско: мостобран во земјата,
мојата корија против струите и тие ладни,
Мартело огнови, нашите големи, тивки телали на небото.

Ништо не се случи освен темнината, кожата
на темнината ми повторуваше,
Размрдај се, Карауле
Живо, живо.

 

Превод: Горјан Костоски