Родена е во Битола на 1. 9. 1940 година. Завршила средно образование. Била уредник во Македонската телевизија. Автор е на книгите: Времето го нема (поезија, 1965), Писма (поезија, 1974), Влегување во Делта (поезија, 1981), Босфорско лето (раскази, 1984), Нордиски љубовници (поезија, 1993), Њујорксон (поезија, 1993), Планини од картонски кутии (поезија, 1997).