Марија Елена Бланко (родена во Хавана, Куба) е поет, есеист и преведувач. Пишува претежно на шпански, нејзиниот роден јазик. Поминувајќи добар дел од нејзиниот живот во Америка, таа си ја преведува својата поезија на еден универзален начин, многу по различен од нејзината шпанска експресија. Има работено во Обединетите нации и како професорка по француски јазик. Учествувала на многу интернационални фестивали. Нејзиното време го поминува на разни простори, во Виена, Њујорк, Париз и Куба.

Има објавено девет збирки поезија на шпански јазик како и една англиско–шпанска антологија, книга за литературна критика, како и критикички есеи на тема култура и политика во латиноамерикански списанија. Преведувала поезија и од познати австриски автори.