Татев Чакијан е ерменска поетеса, родена 1992 во Ереван, а сега живее во Полска.
По неколку години на колаборативни поетски проекти, во 2016 таа ја објавува првата збирка поезија со наслов неИдентично. Книгата е номинирана за наградата „Европски поет на слободата“ во 2018 година – петто издание на „Книжевната награда на градот Гданск“ и е објавена на полски јазик. Делови од нејзината поезија се преведени на неколку јазици и објавени во меѓународни антологии во Германија, Австрија, Полска, Иран, Русија, Канада, Либан итн. Уметничките активности на Чакијан се преплетуваат со поезијата во форма на мешавина од медиумски уметности, а таа соработува со урбани уметници, режисери и музичари, а самата создава колажи базирани на поезија. Како дипломец на Факултетот за културолошка антропологија на Државниот универзитет во Ереван, нејзиниот академски интерес лежи во урбаната семиотика, „читајќи“ ги градовите како текст.