Висар Жити е писател од Албанија чиј живот и работа најдобро ја отсликуваат историјата на неговата нација, според критичарот и албанолог, Роберт Елси.
Висар Жити е осуден на 10 години затворска казна поради својата поезија против социјалниот реализам и реалноста на социјализмот. Додека бил во затвор, скришум твори поезија, дел од оваа поезија не ја запишува туку ја чува запишана во себе и многумина од другите затвореници ги меморираат стиховите за тие да не бидат изгубени.
После неговото ослободување, Жити се приклучува на движењето за демократизација на Албанија. Работи како новинар во првиот весник на опозицијата против диктатурата.
[su_accordion]

[su_spoiler title=”Висар Жити” style=”fancy”]
После есентта на империалниот комунизам, Висар Жити се обидува да ги објави неговите литературни дела. Станува познат писател и објавува многу збирки поезија.
На Англиски, антологијата на неговите поеми е објавена во САД, Осуденото Јаболко. Друга антологија е објавена во Италија, Романија, Хрватска и Македонија со наслов, Босоног и Луд. Предговорот е нашишан од страна на познатиот Македонски писател, Анте Поповски, кој го смета жити за авантгарден поет на Балканот. Во Македонија, Висар Жити објавил три книги.
Жити објавува кратки приказни:
9 – Ногата на Давид
10 – Друг Век
11 – Искинатиот багаж, итн.
Романи:
12 – Погреб без крај
13 – Богот хомосексуалец и неговиот дечко
14 – Во времето на плачот, итн.
Дел од неговите прозни дела и поезија се преведени на многу различни Јазици, како Италијански, Романски, Хрватски, Француски, Германски, Дански, Грчки, Еврејски, Арапски, Српски итн.
Висар Жити е добитник на многу национални и интернационални литературни награди. Исто така е учесник во многу поетски фестивали во светот, вклучувајќи ја и Струга.
Жити има сменето многу професии, како професор, новинар, конгресмен, Министер за Култура а моментално дипломат што раководи со Амбасадата на Албанија во Ватикан.[/su_spoiler]

[/su_accordion]