ја слушам glory box и мислам

на твојата пандора[1]

на твојата уста скоро непотребно

што шепоти

на твоите усни скоро вечно

 

на твоите тапани

внатре в други тапани

небаре чинки

 

и на твојата кожа која трепери

и се тресе

и на жиците со кои свириш

меѓу твоите бутови

 

и со дланките благо ги оддалечуваш

усните носталгиите тајните

коишто ти течат по врвот на прстите

 

 

Превод: Наташа Сарџоска

[1] Вид жичан инструмент. Заб.на прев.