Додека да трепнеш стегнал мраз,
снемува струја
а ние сме заглавени во мрачен лифт
како тврда коска во зрело овошје.
Патшпта, автомобили, паркинзи, контејнери полни ѓубре
се потполно заглавени во снег што завива.
Луди возачи профучуваат голи
на работ на нашите мозоци.
Одеднаш зимата се разбива
на првиот бран на движењето на твоите очи
кои од зелени стануваат сини.
Светот продолжува.
Лифтот оди надолу. Во него
смеа, јас и ти.
Превод: Никола Ѓелинчески