Балканска поручек. Рози
се веднат над езерото,
планињето заспале во жегата,
водата – обично синило.
Зад аловиот мирис на розите
те наѕирам
низ сините езерски води
твоите очи вперени во мене
планините се будат татнејќи ти го името
а и облаците
ко фустанот ти
се вејат на ветрот
и лебдат кон север
кон Балтичкото Море,
кон Јантар,
кон боровите и плажите боја килибар
кон таму кај што си сега.
Ги спушташ дланките
врз зајдисонцето августовско:
ко прав Сезан
ил пак Ренесансното откровение
на Ботичели.

21 VIII 2010
прев. Марија Џонова