Над кулата од тули
на пристаништето на првата Република
кружат солени птици
со непознато водено минато
Бродот „Света Ана”
пренесува пензионери
на другиот непотврден брег
темножолтата поврumна е неподвижна
а жуборливото дно рамнодушно
(На ролетните вода од дождот,
детски прсти на дрвената ограда)
Над кулата небо без докази
јас сум сведок што молчи
сам за себеси
Препев: Славица Гаџова