Нурдуран Думан е турска поетеса која живее во Истанбул. Една од нејзините книги е Јенигли Ојуни, добитникот на „Кемал Суреја“ наградата во 2005 година, како и Ми Бемол. Полукруг, памфлет со нејзини песни преведен на англиски јазик, бил објавен во САД во 2016 година, а дополнителни преводи можат да се најдат во списанијата Асимптота, Колорадо ривју, Фолтлајн, Интерим, Илевен илевен, итн. Нејзините песни се преведени и објавени на фински, бугарски, романски, словачки, француски и окситански јазик. Таа е член на турскиот ПЕН, и предава социолошка анализа на турската литература“ на Универзитетот Бачешехир.