1
Луѓето од Галилеја се силни како сонцето
сирови како терпентин нежни како даб
горат како огновите на Содома
влажни како солта од морето
толку далеку од нивните тела.
А од далечината на блискоста
и од далечината на далечината
го фаќам јажето од двата краја
еден врзан
за мојот врат,
еден за нивниот врат,
ги повикувам,
Луѓе ог Галилеја!
Оставете ме на мира
за да не се изгубам!
Оставете ме да погледам назад
и душата ќе ми умре со Гомора.

2
Тенка нишка ме врзува за вас
повлечете ја и ќе олабавам
олабавете ја и ќе повлечам!
Исто мислите и вие.
Сите луѓе на Галилеја
се родени од мојата матка
да бидат против мене
а јас од нивната матка да бидам против нив.
Јас имам поинакви мисли.
Тие се само луѓе
а понекогаш меѓу мене и нив
се кршат законите на нивните татковци и синови.
И покрај мене и покрај
нивната лутина
јас и луѓето од Галилеја одиме
по тенкото јаже на мојата бесилка
или можеби на нивната.

3.
Дупките се поправаат и покрај снеговите на Галилеја.
Маслинките раѓаат плод во зима
а големите камења мелат сè заедно –
маслото за да ни ги олесни раните
и талогот од маслинките е есенција во ноздрите
запрена од фатот на Галилеја.
Ќе продолжам да ги кинам страниците
а тие ќе го исечат јажето меѓу мене и себеси
а крвта ќе тече.
Ќе бидам жртва да се искупам
за мојот грев
на мојот син.