Кога во таа парабола во еванrелието – што сега се чита во селското црквичетаткото
притрчал да го пречека својот син
повикувајќи ги слуrите да го облечат во најубава промена и да му заколат теле
тогаш за мене би требало да свети барем некоја слаба светлина во една од
собите на шестиот кат
но темно е – никој не чека; или заспале – зашто е по полноќ – или заминале
а не оставиле клуч кај соседите
можеби треба да одам кај најблиските пријатели; многу имаа ќеф да преспијам
кај нив
пред да се оженат и толку благодарно ми ја слушаа поезијата
но на царина ми го запленија адресарот (борба против тероризам)
а не им ги памтам адресите или телефонските броеви
ако ја читаат таа евангелиска парабола за блудниот син во селското црквиче
тогаш некој сигурно длабоко го погодиле зборовите
и стои надвор со главата отскриена
а врз неа паѓа снег
Превод: Никола Ѓелинчески