Таа ноќ
Во јули
И обредите на суфиската страст
На креветот од тага минуваш
Идејата е отсечена
Од масата на отфрлената љубов
А јас сум поет од „Агарет“
Се потпирам на моите илјада двоумења
За повлеченото тело
Во пламенот на музиката што се извива
За митскиот дух
За оние што ги принесуваат чашите
За стомачните танци
во дворците на воскресение
За двете дојки
За неподвижниот глад
Зад непријателството на страстите
За двете очи во морето
За двете усни
Кога има насмевка
Суеверието на крајот од мените
За колкот распливан
во широчината на добрината
За неа
Таа ме носи преку правта на дрвената кафеана
И ја протега раката
бегајќи од оној дел од ноќта што е за бакнежи
Таа ги отсекува од мене
Годините патување
Книгите, генерациите, реките
Градовите, ѕидовите, тагите

Но ветувањето беше!!!