Моаен Шалабиа од Израел e поет и писател чија кариера почнува во 1978. Tој ги објавува неговите песни во локалните магазини и во арапските списанија во странство. Учествувал на многу интернационални фестивали во Египет, Јордан, Палестина, во Турција и во Италија. Има напишано пет стихозбирки ( последната е насловена како „Имиграцијата на голите коппежи“, 2008) и три книги проза. Има добиено многу почесни сертификати и награди и член е на Унијата на арапски поети и движењето на светските поети. Некои од неговите песни се преведени на хебрејски, француски, турски, англиски, романски, полски и италијански јазик.