Во словачката книжевност влегува во политички пресвртната година 1989 и постепено се вклучува кон поетите на
приватното со традиционален интерес кон теми како семејството, партнерството меѓу жената и мажот, пријателството или природата. И во формата им дава предност на стандардните поетски средства, стремејќи се повеќе кон компактно поетско сведоштво, во кое доминираат падовите и проблемите од секојдневното животно
искуство. Постепено, Мирослав Брук се посилно се свртува кон чистиот лиризам, некогаш во форма на опис, некогаш како размислувања за околината и сопствениот живот. Тонот на поезијата е мирен, при што напнатоста се одигрува внатре во поетските приказни. Од поезијата се гледа дека авторот со неа реализира еден вид очистувачка, лична исповед, терапија, а истовремено со неа го негува течењето на деновите и времето. Ги напишал поетските збирки Ноќ, Тpeвa во пoзaдинaтa (1989), Обид дa се верува (1993), Ноќни ocтpoви и други спасувања (1997), Поезија пoмeѓy (1997), Maпa за ориентација во зима (2001), Граничен пат (2005), Заобиколници (2009), Cyштинaтa на реката (2012). Негова последна книга е романот Намигнување oд вечноста (2013).