Жоао Луис Барето Гимараеш е роден во Порто, Португалија (3 јуни, 1967) каде
дипломирал медицина. Тој е поет (како и хирург за реконструкција на дојка). Автор на
10 книги од 1989 година досега, вклучувајќи ги првите 7 во Избрана поезија (2011), Тука
си (2013), Медитерански (2016) – избрана за националната поетска награда „Антонио
Рамос Роса“ во 2017 година и издадена на шпански – и Номад (2018). Тој е и преведувач,
хроничар и блогер, пред сѐ за неговиот блог Лимитед поетри (Poesia & Lda). Неговите
дела се објавени во антологии во Португалија, Бразил, САД, Германија, Австрија,
Италија, Мексико, Доминиканска Република, Хрватска, Црна Гора (наскоро превод и во
Бугарија), како и во книжевни списанија во Португалија, Шпанија, Франција, Белгија,
Холандија, Обединетото Кралство, Македонија, Бразил, Мексико и САД. Тој настапувал
на книжевни фестивали во Шпанија, Мексико, Хрватска и САД.