Срба Игњатовиќ е критичар, уредник, есеист, колумнист роден во 1946 година. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет во Белград. Бил уредник на неколку литературни списанија и уредник-соработник во повеќе издавачки куќи. Iма објавено осум книги поезија. Негови песни се објавени на македонски, италијански, романски и бугарски јазик. Исто така има објавено проза, драми и есеи. Застапен е во повеќе домашни и странски антологии на поезија. Добитник е на десетина домашни и меѓународни книжевни награди.