НИКОЛАЕ ДАБИЖА е роден на 15 јули 1948 година
во село Кодрени, Молдавија. Во 1972 година дипломира на Факултетот за јазик и
литература при Државниот универзитет од Молдавија. Од 1986 е уредник-шеф на весникот „Литература и уметност“, публикација на Унијата на писателите од Молдавија.
Претседател е на Демократскиот форум на Романците од Република Молдова,
и на Академијата за наука, култура и уметност на Р. Молдавија.
Почесен член е на Романската академија и член на Академијата на науките на Молдавија.
[su_accordion]
[su_spoiler title=”Николае Дабижа” style=”fancy”]
Тој е автор на повеќе од 80 објавени дела поезија, проза, есеи, научни студии, учебници, преводи и друѓи.
Неговата поезија „Трето око“, „ Анонимен сликар“, „Косот домашен“, „ Право на грешка“, „Солзно гледање“, „Борина од ѕвезди“, „Молња оросена“, „Песните на иднината“, „Тишина објаснета во зборови“, „Помеѓу љубовта и смртта“ и други… беа наградени со неколку Национални и Меѓународни награди:
– Големата награда од Меѓународниот поетски фестивал во Трст (Италија), Наградата„Михаи Еминеску“ на Романската Академија, Националната награда на Р.Молдавија, Националната награда за Култура Италија 2013, Големата награда „Свети Ѓорѓи “, Меѓународен поетски фестивал во Уздин (Р.Србија),Наградата на мегународниот младински поетски Фестивал во СССР, Награда на Романската Академија од Рома, Наградата од Фестивалот на младите во Сќиверин РД.Гераманија , Големата награда „Ниќита Станеску“, Мегународната награда Лучијан Блага“ и друѓи.

Тој е автор на еден успешен роман „Домашна работа“ кој доживеа повеке изданија во Р.Молдавија и Романија и кој беше преведен на повеке различни јазици…
Неговата поезија е преведена на англиски јазик (во САД и беше предмет на докторска дисертација, подржана од страна на истражувачот Марија М.Симонка. Преведена и на италијански, руски, украински, француски, српски, португалски, германски, латвиски, литвански, ерменски, аромански и други…[/su_spoiler]
[/su_accordion]