Виолета Танчева-Златева е родена на 25 април 1968 година, во с.Бориево, Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност. Пишува поезија, проза и есеи. Освоила четири награди на анонимниот конкурс за краток расказ на „Андриќеви денови на културата“ во Травник, прва награда за проза на анонимниот конкурс на Независни изданија „Ѓурѓа“, во 1991 година и наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга во 2015 година. Член e на ДПМ од 2000 година. Член е на Редакцијата на списанието за книжевност и култура АКТ, како и на Здружението на лекторите на РМ. Работи како лектор во Издавачки центар ТРИ, Скопје.
Ги објавила следниве книги проза: Книга за сонот, 1992; Враќања, 1993; Враќајќи се во Бориево, 1999; Шарени писма, 2008 (роман за деца во писма); како и стихозбирките Мојот Пикасо/Мy Picasso, 2007 со напореден англиски препев (и македонско-српско издание во 2008 г., Задужбина „Петар Кочиќ“, Бања Лука–Белград); Заробеници на молкот, 2010; Огнена, 2011; Нашата приказна, 2013; Година без лето, 2015 година.